Македонија 25. јануари 2020. / 12:11

Николоски: Во ЕУ не се влегува со нула реформи

Николоски: Во ЕУ не се влегува со нула реформи

Европски вредности не се нарачување на пресуди и кривични пријави. Во ЕУ не се влегува со нула реформи во правосудството и непринципиелен брак помеѓу власта, судството и обвинителството. Потребни се два патишта паралелно: едниот е промена на методологијата за зачленување и тоа е нешто во кое ние како држава немаме никакво влијание, а вториот пат се интензивни реформи. Ако промената на методологијата е работа која што не зависи од Македонија, реформите апсолутно зависат. За жал, Заев потфрли овие две години да испорача реформи, вели потпрeтседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Република на англиски јазик.

Николоски вели дека потребни се   реформи кои суштински ќе го променат животот на граѓаните. Потребна е борба со криминалот и корупцијата и тука не треба да има никакви компромиси.  Ако промената на методологијата е работа која што не зависи од Македонија, реформите апсолутно зависат. За жал Заев потфрли овие две години да испорача реформи. Напротив гледаме дека повеќекратно си го зголемил богатството на фамилијата и сме сведоци на безброј скандали, вели потпретседателот Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта има план да ја стави државата на брза трака во патот кон ЕУ. Планираме да реализираме голем број реформи кои се потребни за Република Македонија да влезе спремна во преговорите со ЕУ, порача Николоски. Во ЕУ не се влегува со нула реформи во правосудството и непринципиелен брак помеѓу власта, судството и обвинителството, кажа Николоски.

Целото интервју на линкот