Денеска се оддржа нови рочиште во судскиот процес помеѓу Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Каде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека Вице Заев го тужи него а тој не се појавува на судски рочишта туку бега.
Непријатно сум изненаден што повторно Вице Заев не се појави тука во судот имајќи во предвид дека тој ме тужи мене а не го тужам јас него. Логично е да се појавува и да си ја застапува тужбата без разлика што има адвокат, чесно е доколку мисли дека аргументите се на негова страна да се појави и да биде присутен тука а не да бега. Забележавме дека бега и се појави само еднаш кога мораше да се појави. Второ повторно беше забрането вие новинарте да можете да снимате, јас дадов согласност за снимање но очигледно другата страна не дала согласност, изјави Николоски.