Македонија 30. август 2020. / 16:49

Николоски: Ветуваа 100 000 нови работни места во програмата на Владата, а се изгубени 40 000 работни места во изминатиот период

Николоски: Ветуваа 100 000 нови работни места во програмата на Владата, а се изгубени 40 000 работни места во изминатиот период

Многу ветување слушнавме во претходниот изборен циклус. За жал најголем дел од нив не се реализираа. За жал велам затоа што народот не живее подобро, изјави денес пратеникот Александар Николоски од собраниската говорница.

-Се ветуваше стабилен буџет а гледаме буџетска дупка само за оваа година од 1 милијарда евра. Некој ќе рече дека тоа е заради коронакризата, не е само поради коронакризата туку и поради недомаќинското работење.  Грагаѓаните во изборите прашуваа каде се парите, затоа што три години камен не се стави во Македонија. Автопатиштата до каде беа до таму застанаа. Болниците кои се градеа до каде беа до таму застанаа. Железницата до каде беше таму застана, а нови проекти не видовме а буџетите се трошеа.  Што не носи до заклучок дека истото ќе се случува и во периодот пред нас. Се ветуваа 100.000 работни места, во програмата што ја достави мандатарот таква работа не гледаме. А сите читаме деновиве дека 40.000 работни места се изгубени во изминатиов период. Се ветуваа покачени плати, таква работа нема во тоа што е доставено има само ветување, а во некои сектори гледаме дека и плати не се делат, изјави Николоски.