Имам интензивна агенда со странски претставници во земјава и постои загриженост кај нив изјави потпретседателот Александар Николоски во Дневникот на телевизија Сител.
Постои кај нив загриженост, дел го кажуваат во разговори, дел надвор од јавноста. Нив им смета дека нема борба со организираниот криминал и реформите во јавната администрација и ако ја додадете економијата, за тоа се загрижените странските претставици во земјава ..изјави потпретседателот Александар Николоски во Дневникот на телевизија Сител.
Ние во 4 дена се видовме со три премиери и двајца министри за надворешна политика, сакаме како ВМРО ДПМНЕ, Македонија да напредува и за прв пат опозициона партија има ваква дипломатска активност, за разлика од премиерот што не остварил ниту една средба во изминатите 4 месеци, изјави Николоски.
Словенија од први јули ќе претседава со ЕУ, Хрватска претседаваше, а Унгарија е битна , поради тоа што комесарот за проширување е предлог од Унгарија . Сите овие три земји се загрижени за реформите во Македонија и она што се случува со Бугарија. Оваа офанзива ќе продолжи на пролет каде ќе имаме нова тура средби, изјави Николоски.
Странците се информирани за тоа што се случува во земјава, на пример за тоа дека премиерот Заев сакаше се да продаде или дека братот на премиерот е вклучен во сите бизниси.
„ Да, да знаеме за бизнисите на братот на премиерот велат тие, изјави Николоски.