Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја обвини Владата предводена од СДСМ за тоа што го одбиле предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
Утрово Николоски преку Фејсбук се огласи за одбивањето тоа што Собранието го одби предлогот за поставување филтри на оџаците на јавните институции.
– Срамота! СДСМ и Владата го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се постават филтри на оџаците на јавните институции со цел да се намали загадувањето. Заев очигледно не дише исти воздух како и сите други, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напиша потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тој на крајот на статусот додаде:
– И за ова Бугарија ли е виновна?, прашува Николоски.
Срамота! СДСМ и Владата го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се постават филтри на оџаците на јавните институции со цел…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Четврток, 03 декември 2020