Симптоматично е што во текот на целото раководење на Оливер Спасовски со министерството за внатрешни работи во период од три години практично никогаш немаше полициска акција што ќе резултира со некоја поголема заплена на кокаин, а само кратко време по доаѓањето на Наќе Чулев во Крушопек се врши голема меѓународна полициска акција, во која, според првични податоци е запленети повеќе од еден тон кокаин, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Топ тема“.
– Во Македонија поефтино беше кило кокаин отколку да купиш пијачка. Краен нарачател е лице од Македонија. Како може Спасовски да не фати ниту килограм кокаин толку време, а дојде технички министер и заплени преку тон кокаин и тоа кога на секој чекор има сопки во министерството – истакна Николоски.