Македонија 20. јануари 2021. / 19:34

Николоски: Со премиерот Јанша разговаравме за проблемите со корупцијата и криминалот во Македонија

Николоски: Со премиерот Јанша разговаравме за проблемите со корупцијата и криминалот во Македонија

Денес остваривме средба со Премиерот на Република Словенија г. Јанез Јанша, напиша  потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, на социјалните мрежи.

Разговаравме за проблемите со кои се соочува Македонија на својот пат кон ЕУ, проблемот со корупцијата и високата стапка на криминал во земјава. На средбата разговаравме и за економската криза како последица на корона кризата, лошото менаџирање со здравствената криза и злоупотребата на власта во Македонија. Република Словенија од први јули го презема претседателството со ЕУ и пријателот на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија г. Јанез Јанша силно ќе помага на Македонија во евроинтеграциите на Македонија. Заеднички заклучивме дека пријателството помеѓу двете сестрински партии и помеѓу Македонија и Словенија и во иднина ќе се продлабочува на повеќе полиња, напиша Николоски.

Денес остваривме средба со Премиерот на Република Словенија г. Јанез Јанша. Разговаравме за проблемите со кои се соочува…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, January 20, 2021