Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ изјави дека не знаел за што Зоран Милески – Кичеец ќе поднел кривична пријава против него затоа што тој не ги кажал зборовите „Зоран Заев и Кичеец договараа местење на изборите во Охрид и тој таму има своја параполиција“, туку тоа се зборови кажани од Бојан Јовановски.
Јас веќе со еден криминалец бев на суд за нарушување на честа и угледот, тоа е Вице Заев, со втор криминалец сега сум на суд, а тоа е Зоран Заев исто за чест и углед во наводници, еве и со трет ќе одам на суд исто за чест и углед. Да ви кажам право, искрено ми ласка што најкриминогените луѓе во државава сакаат да се видат со мене на суд – изјави Николоски.
Тој додаде дека ваквите судски процеси покажуваат оти очигледно погодувал право во центарот на криминалот.