Македонија 05. април 2018. / 20:26

Николоски: Шекеринска поставила лице без безбедносен сертификат за началник на Воено разузнавање

Николоски: Шекеринска поставила лице без безбедносен сертификат за началник на Воено разузнавање

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото вечерашно гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија откри дека министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска поставија лице без безбедносен сертификат да ја води агенцијата за разузнавање, „За да влеземе во НАТО треба да го решиме спорот со името, но треба да исполниме и други критериуми.

Во овој момент министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, постави началник на военото разузнавање лице кое немаше безбедносен сертификат и за истото водеше постапка пред управниот суд и наеднаш доби безбедносен сертификат за што имаме сериозна реакција од НАТО.Во исто време, испратено е воено аташе во САД кое нема дозвола од претседателот на државата. – реќе Николоски.