Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски попладнево гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија.
На интервјуто зборуваше за актуелните случувања во Собранието и сите политички теми во Македонија, а се осврна на вчерашната интерпелација на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, која беше отфрлена со 55 гласа „против“ и 53 гласа „за“.
Клучното прашање, рече Николоски, е зошто седум пратеници не гласаа за Никола Димитров.
„Никола димитров доби само 55 гласови од владејачкото мнозинство, а владејачкото мнозинство го сочинуваат 62 пратеници, така што 7 пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров“, рече Николоски.
Тој потсети дека вчера кажа оти интерпелацијата на Никола Димитров е почеток на реализација на еден план на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата којшто треба да заврши, како што вели со финално рушење на оваа Влада и фомирање на нова Влада.
Според него првиот чекор бил направен вчера, со тоа што седум пратеници не гласале за Димитров.