Македонија 16. февруари 2019. / 12:04

Николоски: Се потврдува информацијата дека луѓе од Кабинетот на Шекеринска се посочени како соработници на странски непријателски служби

Николоски: Се потврдува информацијата дека луѓе од Кабинетот на Шекеринска се посочени како соработници на странски непријателски служби

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави дека се потврдува информацијата дека луѓе од Кабинетот на Шекеринска се посочени како соработници на странски непријателски служби.

Се потврдува информацијата која ексклузивно ја изнесов во интервју за Лидер дека луѓе од Министерството за одбрана, военото разузнавање, Кабинетот на Шекеринска се посочени како соработници на странски непријателски служби и истите мора да бидат отстранети со цел Македонија да стане член на НАТО. Ова само ја потврдува неспособноста на оваа Влада, напиша Николоски на Фејсбук.