Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вестите на ТВ Сител побара да се формира влада на национален спас поради ќорсокакот со кој се соочуваме и блокадата за преговори со ЕУ од страна на Бугарија.
-Зоран Заев отиде предалеку во попуштањето и ја стави Македонија во непријатна позиција. Она што требаше да се направи е една достоинствена положба на Македонија каде што не се виткање на кичмата туку со достоинство на аргументите Македонија ќе се бори за себе. Не ги потценувајте аргументите на бугарските политичари кои јасно велат „Кога видовме колку дадоа на Грција, си рековме зошто и ние да не побараме.“. – рече Николоски.
Тој додаде дека ова значи дека во политиката достоинството е многу важно и кога некој ќе види дека го немате на барањата ќе им нема крај.
Поради ова, потпретседателот на најголемата опозициска партија во земјава, смета дека Заев треба да си поднесе оставка.
-Затоа треба час поскоро да поднесе оставка, со цел да формираме една влада на национален спас која ќе ја извади Македонија од ова дно. Најдобрите експерти треба да се вклучат. – поентираше Николоски.
Николоски појасни дека доколку Зоран Заев не ветувал на врвните бугарски власти дека ќе им даде се што посакаат само за да дојде на власт, доколку Стево Пендаровски каже на македонската јавност што е тоа што било минатата недела договорено во Берлин а еве никој не го знае во Македонија, и доколку имаат чесен пристап полесно ќе се решаваат проблемите. Не може во јавност едно да се говори, а позади завеса други изјави да имаат. А, за ВМРО-ДПМНЕ Гоце Делчев е најголемата историска фигура која што се борела за независна Македонија.