Македонија 19. август 2019. / 19:14

Николоски: Политиките на Меркел и Орбан, Владата на Заев нема ни концепт ни визија, ниту луѓе да ги препознае

Николоски: Политиките на Меркел и Орбан, Владата на Заев нема ни концепт ни визија, ниту луѓе да ги препознае

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја прокоментира средбата меѓу Ангела Меркел и Виктор Орбан и што значи тоа за Македонија.

Средба на двата најмоќни лидери во Европа Ангела Меркел и Виктор Орбан. Обединети кон силна Европа! Средбата се одржа во Сопрон на 30 години од Паневропскиот пикник со кој беше означен почетокот на падот на железната завеса и комунизмот. Политиките на Меркел и Орбан за силен економски развој, јасни демохристијански вредности, ред и владеење на правото, борба против корупција, одговор на предизвиците од нелегалната миграција, заедничка одбрамбена политика под закрила на НАТО и попросперитетни економија, образование, здравство, социјална грижа под закрила на ЕУ се иднината на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија. Иднина за која оваа Влада на Заев нема ни концепт ни визија ни луѓе да ја препознае, иднина за која ВМРО ДПМНЕ со своите партнери ЦДУ и ФИДЕЗ како и останатите членки на Европската народна партија силно ќе работи после победата на следите предвремени парламентарни избори, напиша Николоски.