Македонија 27. јуни 2020. / 13:55

Николоски отиде на штандот на СДСМ и порача: Народот ќе ве казни на избори

Николоски отиде на штандот на СДСМ и порача: Народот ќе ве казни на избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на општина Прилеп и прилепско на средба со граѓаните.

При прошетка со граѓаните Николоски го посети штандот на СДСМ каде што се сретна со актуелниот министер за транспорт и врски од СДСМ Горан Сугаревски, при што Николоски му порача на СДСМ и Сугаревски дека народот ќе ги казни за сите неправди и понижувања направени изминатите три години.