Денеска остварив средба со Неговата Екселенција Монсињор Анселмо Гуидо Пецорари, папски нунциј за Македонија и Бугарија и Франческа Адриана Скорза, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.
На средбата уште еднаш беа потврдени односите на највисоко ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и Ватикан. Зачувувањето на демохристијанските вредности е од огромно значење за државата и општеството. За ВМРО-ДПМНЕ зачувувањето на традиционалното семејство, борбата со пороците и слободната економија и десничарскиот поглед на светот се приоритет.На средбата разговаравме и за состојбата во Република Македонија, визиите и планот на ВМРО-ДПМНЕ и насоките во кои се движи Република Македонија како и за одличните односи помеѓу католичката и православната црква во Македонија. Во октомври 2019 во рамки на посетата на Ватикан остварив средба со Кардиналот Пијетро Паролини кој воедно е државен секретар на Ватикан и прв човек на политичките и државните операции. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува одличната соработка со Ватикан, напиша Николоски.