Македонија 17. јуни 2020. / 19:14

Николоски од Прилеп: Пелагонискиот регион го очекува силен и голем инфраструктурен проект за економско заживување

Николоски од Прилеп: Пелагонискиот регион го очекува силен и голем инфраструктурен проект за економско заживување

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во Изборната единица 4, Александар Николоски, денеска во вестите на „Алфа“ телевизија, истакна дека Пелагонискиот регион го очекува еден силен и голем инфраструктурен проек за економско заживување, кое е најголемото ветување од Програмата за Обнова на Македонија.

Најголемото ветување од Програмата за Обнова на Македонија не само за четвртата изборна единица, туку и за цела Македонија е изградба на автопат кој што треба да води од Велес до Прилеп, Битола до грчката граница и на тој начин да се отвори целиот овој регион – вели Николоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за економска обнова, како што се намалувањето на даноците и заживување на целиот Пелагониски регион со силен економски инфраструктирен проект.

Николоски, во својата изјава најави големо економското заживување за целиот регион кој ќе резултира со отворање кон Солунското пристаниште на југ и Драчкото пристаниште на запад, што ќе придонесе за економско подигнување на Пелагонискиот регион кој влева 30% од БДП во Македонија.

За мене не помалку важно е да работиме на издигнување на македонската култура, којашто за жал овие три години е газена, а таа е една од основните столбови на македонскиот национален идентитет и тука многу ќе инвестираме. Исто како и во економското обновување на Македонија, затоа што само економски силна нација може да води големи битки – истакна Николоски.

Во однос на културата, Николоски исто така најави дека ќе се инвестира во Народниот театар во Прилеп, исто како што ќе следи културно заживување низ цела Македонија.

Тој, во пресрет на изборите, повика на масовна излезност затоа што тоа е единствениот начин да се казни, како што тој вели, најголемиот вирус којшто ја зафати Македонија, а тоа е неговиот противкандидат Зоран Заев.