Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е гостин во Топ тема на Телма каде со Бујар Османи каде дебатираат околу датумот за преговори, дали Македонија ќе го добие или нема.
Легитимното прашање кое го очекува цела македонска јавност е оваа држава да започне преговори со ЕУ. Почетокот на преговорите е многу битно кога ќе биде, секогаш со сите претходни држави тоа било во истата година кога советот носел одлука. Советот носел одлука во јуни почнувале преговори во декември. Тоа што ние го имаме како информација е дека ниту во декември ниту во март ќе биде и веќе ќе треба да чекаме следен извештај. Затоа што ќе има предуслови, кој што Македонија не може да ги заврши во тој период. И практично во најдобар случај, повторувам, народски за да не сфатат луѓето ќе имаме датум за датум, односно ќе има предуслови кој што Владата ќе треба да ги реализира и дури потоа би почнале преговори и да бидам искрен мислам дека оваа Влада на Заев нема капацитет да го направи тоа, затоа што предусловите меѓу другото ќе бидат и по,ла Влада да оди на истррага во Јавното обвинителство , затоа што се имплицирани во аферите Рекет 1 и Рекет 2, кои што се објавени рече Николоски.