Македонија 19. март 2020. / 11:47

Николоски: Неспособни аматери ја водат државата и не можат да се справат со економската и здравствената криза 

Николоски: Неспособни аматери ја водат државата и не можат да се справат со економската и здравствената криза 

Системот не функционира и економијата паѓа, единствено нешто што фунционира се владините ПР алатки, изјави на денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

И самиот претседател призна дека системот не може да издржи дека ќе колабира. Што направи Пендаровски откако сфатил дека системот нема да може да издржи? Додека Димитров прави ПР илјадници Македонци му се заглавени на аеродромите и границите. А додека Шекеринска збори за стандарди не е способна да организира едно прифатилиште во Пепелиште, изјави Николоски.

Според Николоски, тотални неспособни аматери ја водат државата и не можат да се справат со последиците и од економската и од здравствената криза.

Мерките  не се рестриктивни Македонија со оглед на здравствената криза , според податоците од ОН, Македонија спаѓа во земјите кои немаат јасни ограничувања во приемот на лица од други држави. Во регионот има земји со далеку поголеми рестрикции од Македонија. Нашата држава спаѓа во групата на забрани кои се помалку рестриктивни за разлика од државите од ЕУ во кои забраните се на многу повисоко ниво.  Ова е црвен аларм и значи дека Македонија спаѓа во државите каде забраните не се доволно рестриктивни. Одлуките за затврање на гранични премини се прават откако ќе се појават нови случаи. Одлуките за рестрикции за движење се прават само отккао ќе се појават одредени случаи, изјави Николоски