Денеска се оддржа нови рочиште во судскиот процес помеѓу Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Каде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека е неспорно дека Вице Заев е јавна личност и главен бизнис фактор во државата и дека очекува судот да ја одбие тужбата на Вице Заев.
При крај сме со оваа безмислена тужба од Вице Заев, кон мене, би сакал да искоментирам нешто правно и нешто политички, правно вез онова на целата доказна постапка која што ја имавме во текот на овие три рочишта на кои врз основа на распитот на Вице Заев, неспорно се утврдија два факти. Првиот е дека е јавна личност имајќи во предвид дека давал инетервјуа во јавноста и дека е брат на Претсњдателот на Владата. А втората дека е голем или главен бизнис фактор во држвата затоа што поседува преку 30 компании кои остваруваат профити и во Македонија и во странство за што и самиот призна. Врз основа на сите позитивни законски прописи во Македонија членот 16 од Уставот, законот за граѓанска одговорност и клевета, европската конвеција за заштира на човековите права, како и одлуките на Европскиот суд за човекови права, јас имам полно право да изнесувам свои ставови и гледишта и мислења како и критики кон власта во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона политичка партија. И во таа насока очекувам судот да ја одбие тужбата на Вице Заев, изјави Николоски.