Мора да сме свесни дека лесно потпишување договори потоа создава проблеми и со таа работа се соочуваме сега, изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24 во дебатата со Радмила Шекеринска.
Мораме да видиме јасен став од сегашнава Влада за овие прашања. Јас не можам да дозволам да се калкулира со националната личност и националниот херој број еден. Не можам да дозволам, а врвни личности во власта на државата вклучувајќи го и претседателот, министри па и поранешниот премиер калкулираат дкеа можеби тој бил Бугарин или така натаму. Се работи за клучната личност на оваа држава. Околу кого е изградена оваа држава За јазикот нема калкулација, нема разговор, нема дискусија тука. Како ќе бараме компромис. Ние велиме дека зборуавме македонски јазик , тие велат дека збориме бугарски дијалект, изјави Николоски.