На денашната прес-конференција на прашањето за датумот на избори и дали имаат изграден партиски став потпретседателоет на ВМРО-ДПМНЕ го даде следниов одговор.
-Приоритет број еден во моментот е заштита на здравјето на граѓаните, приоритет број 2 е заздравување на македонската економија односно прво соочување со големата економска криза, а потоа и заздравување на истата. Нас ни е жал што СДСМ не го прифати нашиот повик за лидерска средба и се кусогледи. Мислам дека во моментов не сфаќаат колку голем проблем пред Македонија е надвиснат и здравствен и економски и тоа е основниот приоритет зошто треба да има лидерска средба. Втората причина ја кажав денес, тоа е заеднички усогласен одговор и стратегија во однос на условувањето на Бугарија за почеток на преговори за членство во ЕУ. Ова се доволни два поводи за политичките лидери да дискутираат и усогласат ставови. Во однос на избори кажав и пред неколку дена, кажа и претседателот на партијата не се во првите три приоритети на партијата и навистина е нечовечки и дегутантно ова што го прави СДСМ во услови кога секој ден имаме нови болни од корона вирус, во услови кога секој ден семејства во Македонија ги губат своите најблиски во битка со вирусот да се зборува за избори, за датум за избори мислам дека прво е непристојно, а потоа е нечовечки и навистина ми е згадено да дискутирам за оваа тема, одговори Николоски.