Нашата кампања е за земјоделците, за работниците, за младите на кои им треба иднина, за пензионерите на кои им треба достоинство. Нашата кампања е за оние со распукани раце и солзи во очите заради судбината која ја снајде Македонија, напиша на „Фејсбук“, Александар Николоски, носител на четвртата изборна единица.
Нашата кампања е за младите да останат дома, а не да ја бараат иднината на печалба во Швајцарија или Германија.
Нашата кампања е за повисоки плати на работниците, повеќе можности и помалку бирократија за малиот и средниот бизнис.
Нашата кампања е за онеправданите и прегазените, порача Николоски.