Илјадници граѓани очекуваат обнова на Македонија и пораз на политиките на претседателот на СДСМ Зоран Заев, објави на Фејсбук, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4, Александар Николоски.
Николоски по средбите со граѓаните во Струмица и Гевгелија, изрази надеж за обнова на државата, а како што вели Заев ќе биде поразен поради криминалот и неправдите.
Вчера имав прекрасен ден во Струмица, а денес во Гевгелија, илјадници луѓе очекуваат и ќе донесат обнова на Македонија! Знам дека и Заев знае за тоа. Стига аберот брзо и добар и лош. Заев во напад на паника од извесниот пораз очајно вели дека ќе ме згазел во Струмица. Некој сигурно ќе биде згазен, а тоа нема да сум јас… Она што исто така е сигурно е дека народот ќе го згази Заев на 15ти јули заради сите понижувања, криминал и неправди кои му ги нанесе! – напиша Николоски.