Македонија 01. јануари 2021. / 18:39

Николоски: Наместо со консензус, власта „шверцерски“ сака да го донесе законот за попис

Николоски: Наместо со консензус, власта „шверцерски“ сака да го донесе законот за попис

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во разговор за Канал 5 изјави дека стравува од изборен поткуп, а според него власта сака „шверцерски“ да го спроведе пописот.

– Наместо со консензус, власта „шверцерски“ сака да го донесе законот за попис, вели Николоски.

Попретседателот на најголемата опозициска партија повика народот масовно да го искаже ставот на следните избори, а седењето дома е глас за власта.

– Потребен е консензус, а тој да се направи со отисок од прст. Така ќе се верификува кој е во државата, вели Николоски, стравувајќи од изборен поткуп доколку се направат малверзации за пописот.