Македонија 25. јануари 2021. / 17:02

Николоски на средба со Томан се заблагодари за Чешката поддршка на политиката на проширување на ЕУ

Николоски на средба со Томан се заблагодари за Чешката поддршка на политиката на проширување на ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски работната недела ја започна со  средба со амбасадорот на Чешка, Н.Е. Мирослав Томан.

Тој вели дека ја искористил можноста да се заблагодари за контиунираната и силна поддрршка на Чешка за европската интеграција на Македонија.

Со амбасадорот разговаравме за составот на Националниот совет за евроинтеграции и улогата во пристапните преговори. Исто така се заблагодарив за Чешката принципиелност и поддршка на политиката на проширување на ЕУ, особено покажана на состанокот на Европскиот совет во декември минатата година, во однос на заклучоците за проширувањето предложени од страна на Германското претседателство, напиша Николоски на Фејсбук.

Работната недела ја започнав со средба со амбасадорот на Чешка, Н.Е. Мирослав Томан.

Ја искористив можност да се…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday, January 25, 2021

Тој додава дека со Томан разговарале и за силната поддршка на Вишеградската група, за добивање на членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан и континураната поддршка на Република Македонија.