Во Собранието остварив средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски, информира потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на социјалните мрежи.
На средбата која се одржа вчера присуствуваше и заменикот амбасадорот г.Пиотр Висоцки.
На средбата го запознав амбасадорот на Полска за формирањето и новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, надлежностите и клучните цели, улогата како репрезентативно тело на политичките и општествените чинители во државата. Разговаравме и за континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на Република Македонија, напиша Николоски.
Вчера во Собранието остварив средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски. На средбата присуствуваше…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Среда, 13 јануари 2021