Македонија 14. јануари 2021. / 17:16

Николоски на средба со амбасадорот Гир, тема на разговор се евроинтеграциите на Македонија

Николоски на средба со амбасадорот Гир, тема на разговор се евроинтеграциите на Македонија

Пред два дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше избран за претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, а веќе од денеска започна со неговите работни средби.

Тој денеска оствари средба со претседател со амбасадор на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. г. Дејвид Гир.

– На средбата информирав за составот на Националниот совет за евроинтеграции и надлежностите кои Советот ги има, инклузивниот карактер на телото кое обединува политичките и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ, напиша Николоски на неговиот Фејсбук профил.

Тој додаде дека периодот кој следува е значаен за Македонија, а и кажа дека го известил амбасадорот Гир за актуелната состојба во нашата држава.

– На средбата разговаравме и за периодот кој што претстои и евроинтеграциите на Македонија како и активната агенда на Националниот совет за евроинтеграции. Исто така на средбата го информирав амбасадорот Гир и за актуелните состојби во државата и актуелната политичка ситуација, заврши Николоски.

Еве го неговиот Фејсбук статус каде напиша околу неговата работна средба.

Денес како претседател на Националниот совет за евроинтеграции остварив средба со амбасадор на Делегацијата на ЕУ, Н.Е….

Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, January 14, 2021