Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за актуелната политичка состојба во земјава.
Николоски дојде директно од собраниската седница каде во Собранието се прават обиди да се донесе Законот за ГА МА.
„ Дојдов и ќе се вратам во Собрание, таму на мала врата, на католички Божик власта сака да протурка спорен Закон , за претпријатието Га Ма, постои догогодишен спор меѓу Македонија и една компанија околку сопственоста. Тој спор го водеа многу влади и премиери, Заев одлучи да потпише Договор со кој што во законот пишува дека проценета вредност на Га Ма е 36 милиони евра. Внатре ќе имаат пола пола, иако се судат 20 години . Доброволно Заев се согласува дека не е сопственик и вели вкупно претпријатието вреди 36 милиони евра и двете имаат по 50 %, за веќе државата се согласува да ги откупи тие 50 % за 34 милиони евра и притоа не одат на берза и аукција туку со договор., изјави Николоски
Државата сама се откажува од судски процес и дава 34 милиони евра, обвини Николоски,
Дали државниот правобранител се спротиставил да даде согласност за ваков Договор, дали тој во 4 до 5 наврати се спротивставил иако бил под жесток притисок. Сега оди со Закон за утре Зоран Заев кривично да не одовара, и ова е против Устав и Закон, затоа што Собранието не може да носи вакви Договори.
Ако Зоран Заев сака да потпише ваков договор нека потпише, па подоцна ќе одговара, изјави Николоски