Македонија 15. октомври 2019. / 21:03

Николоски: На корумпирана Влада никој не и дава датум за преговори

Николоски: На корумпирана Влада никој не и дава датум за преговори

Потпретседателот на ВМРП-ДПМНЕ, во ексклузивно интервју за лидер, изјави жалење за тоа што Македонија не доби датум за почеток на пристапните преговори со Еу, но посочи дека таквиот расплет бил навестуван подолго време.

Како што истакна Николоски, македонската влада, со својата неспособност испуштила огромна шанса да обезбеди услови за подобар живот на граѓаните.

– Воопшто не сум среќен што моите прогнози се покажаа како точни. Јас и кога ги давав кажував дека не сум среќен што проценките се такви, но за жал тоа е реалноста. Вистината е дека е дека корумпираната и неспособна влада предводена од  Зоран Заев прошушти сериозна шанса државава да се прифвижи напред кон членство во Европската Унија и кон подобар живот на граѓаните – изјави Николоски.