Македонија 15. јуни 2020. / 17:05

Николоски: На 15-ти јули ќе го победиме најголемиот вирус што ја зафатил Македонија

Николоски: На 15-ти јули ќе го победиме најголемиот вирус што ја зафатил Македонија

Почитувани пријатели, почитуван македонски народе, почитувани граѓани на Македонија. За еден месец од денес на 15-ти јули да излеземе масовно на гласачките места и да го победиме најголемиот вирус што ја зафатил Македонија, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.

Вирус поголем и од короната. Вирус на национални понижувања, економско опустошување, криминал и корупција. Македонија ја чекаат подобри денови. Со многу работа и посветеност, чесно и искрено ќе гледаме на проблемите во очи и ќе ги решаваме. Ќе има во Македонија и повеќе правда и многу повеќе ред од сега, поголеми плати и зачувано македонско национално достоинство. Ќе ја обновиме Македонија! Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи. Бошњаци и сите останати приклучете ни се заедно да победиме. Ќе победиме и во четвртата изборна единица, каде ќе го победиме Заев дома и ќе победиме во цела Македонија. Обновата доаѓа!, напиша Николоски.