Македонија 12. февруари 2021. / 18:41

Николоски: „Мериот“ коалицијата работи во интерес на Заев

Николоски: „Мериот“ коалицијата работи во интерес на Заев

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Трилинг истакна дека разговарале со пратеници кои се дел од владејачкото мнозинство, а не припаѓаат на СДСМ и со други членови на помали политички партии кои не се задоволни од сегашната ситуација.

„Разговараме за рушење на оваа влада“, вели Николоски.

Тој кажа дека двапати бил во Будимпешта и изјави дека не е миленик на Груевски и дека ниту еднаш не се сретнал со него, додека бил таму.

Во однос на судството, Николоски  вели дека голем дел од судиите носат одлуки врз основа на претпоставка и самите имаат автоцензура.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира дека оние членови од ВМРО-ДПМНЕ кои ја залоупотребувале позицијата, сега се во коалиција со Заев, како што се нарекува мериот коалиција.