Македонија 15. декември 2020. / 10:03

Николоски: Македонија се продава поради бизнис зделките на Заев и Борисов

Николоски: Македонија се продава поради бизнис зделките на Заев и Борисов

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на договорот со источниот сосед, ветото кое Македонија го доби како резултат на лошите политики на Владата, како и за 100 дена од формирањето на владината гарнитура на Зоран Заев.

На ова интервју, освен што беа изнесени некои веќе видени ставови на Николски, тој праша и нешто што до сега не беше спомнато во јавноста. Тој праша за внатрепартиската поделба во СДСМ, поточно дали борбата за фотелјата во СДСМ оди низ пуштањето на пердуви на Димитров кон Заев дека тој го спречил договорот со Бугарија за кој Заев преговарал на македонска штета?

Николоски кажа дека Заев и Димитров си работат позади грб.

– Сакам да го прашам Зоран Заев како претседател на Владата, дали знае дека неговиот потпретретседател оди наоколу низ државаа и брифира одредени новинари и креатори на јавно мислење дека токму тој, односно Никола Димитров е причината поради која Зоран Заев не потпишал договор со Бугарија? Зоран Заев бил спремен да потпише договор со Бугарија, но Никола Димитров го спречил, претставувајќи се себеси како бранител на македонските национални интереси и тоа успеал да го направи преку т.н скопско крило на СДСМ. Дали за ова знае Зоран Заев? Да одговорат двајцата. Како си работат позади грб. Како може да биде во иста влада со човек кој го озборува позади грб, праша Николоски.

Николоски потоа зборуваше за историската комисија односно тој праша дали е на повидок промена на историската комисија и таа ќе се замени со нова.

– Дали е вистина дека Зоран Заев е незадоволен од работата на историската Комисија, оти не потпишала се што очекува Заев и дали во овој момент се прави обид од негови блиски соработници да направат компромитација на неколку членови на таа комисија со цел да биде разрешена и да се именува од страна на МНР нова комисија која што би потпиша се што Зоран Заев ќе побара, праша на вчерашната емисија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски вели дека Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, тој исто така низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните. Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период.

Имено, Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден оператор мобилен, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов.

– Бугарските медиуми пред одреден краток период потврдија дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција, а тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата, заврши Николоски.