Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е гостин во Топ тема на Телма каде со Бујар Османи каде дебатираат околу датумот за преговори, дали Македонија ќе го добие или нема.
За да не разберат посликовито граѓаните би можел на овој начин да го споредам, Бугарија заради финансискиот колапс во девеесетите години имаше валутен борд. Кога меѓународни претставници практично ја средуваа финансиски државата. Македонија би добила “правосуден борд”, фигуративно да се изразам за да не разберат граѓаните, каде што претставници на европските институции би ја средувале државата во делот на правосудсвото и борба против корупцијата, бидејќи за жал иниституциите под притисок на оваа Влада покажаа дека не можат да се носат со тој предизвик, напротив видовме сериозна корупција во највисоките институции, вклучувајќи го и СЈО, рече Николоски.