СДСМ и ДУИ не може да бираат консензуален кандидат, туку таквиот кандидат кој ќе го изберат ќе биде кандидат за Заев и Ахмети, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Не може тие да зборуваат за консензус затоа што не претставуваат мнозинство од народот кој живее во Македонија, а камоли да ги претставуваат сите. Да имаше предвремени избори ќе беа дебело поразени, како што ќе бидат поразени на претседателските. Има консензуален кандидат за македонскиот народ, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. – рече Николоски во гостувањето на една национална телевизија.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ го избрала најквалитетното решение кое Македонија може да го понуди за претседател на државата.