Македонија 21. април 2019. / 22:20

Николоски ја соопшти победата, Шекеринска разочарана!

Николоски ја соопшти победата, Шекеринска разочарана!

Во отвореното студио на ТВ Сител, Радмила Шекеринска тешко го прими очигледниот пораз на СДСМ во првиот криг на претседателските избори.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во живо на ТВ Сител ги читаше резултатите според кои по 85% пребрени гласови, ВМРО-ДПМНЕ води со околу 5000 гласови и кандиодатката Гордана Сиљановска има околу 303.000 гласови пред Пендаровски кој има околу 298.000 гласови. Според тврдењата на Николоски, кандидатот Блерим Река има околу 62.000 гласови а неважечки се околу 28.000.

Шекеринска, постојано со нервоза го гледаше соопштувањето на резултатите и посочи дека треба да се почекале официјалните резултати на ДИК, според кои Пендаровски победувал. Без да каже со која разлика.