Македонија 12. јануари 2021. / 13:53

Николоски избран за претседател на Националниот Совет за евроинтеграции

Николоски избран за претседател на Националниот Совет за евроинтеграции

Собранието на Република Македонија го избра потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за  претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции и секогаш е предводено од најголемата опозициона партија.

„Во насока на искажување на јасната определба за членство во ЕУ и побрз почеток на преговори за членство, во исто време и за зачувување на македонските национални интереси, како и засебноста на македонскиот народ, јазик и култура, од денес почнувам серија средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ“, информира Николоски.

Првата средба на Николоски ќе биде со Амбасадорот на Полска, а деновиве ќе има и интензивни активности во оваа насока за кои благовремено ќе информира.