Македонија 28. јуни 2018. / 23:12

Николоски: Иванов има право да не го потпише договорот со Грција

Николоски: Иванов има право да не го потпише договорот со Грција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата ,,Правац’’ на телевизија Пинк 3 истакна дека претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов има право да не го потпише договорот со Грција за промена на уставното име поради кршење на низа процедури при потпишувањето на договорот и неговата ратификација. Според Николовски доколку беа запазени сите процедури, претседателот би бил обврзан да го потпише договорот, но поради огромното прекршување на процедурите, тој не е обврзан да го потпише.

Како прв преседан тој го спомена самиот договор во кој ниту еднаш не се споменува уставното име на Република Македонија. Николовски вели дека ова е самото по себе скандалозно, а во целиот договор Македонија се нарекува втората страна. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека во Македонија единствено претседателот на државата може да потпишува вакви договори, а со потпишувањето на договорот од страна на Димитров, владата на СДСМ директно го прекрши уставот.

Како уште еден преседан и кршење на процедурите при потпишувањето и ратификување на договорот ја спомена и промената на матичната комисија во која беше разгледуван договорот. На законот за ратификација на договорот беше ставено европско знаменце вели тој, што претставува уште еден преседан. Досега ваквите меѓународни договори биле разгледувани во Комисијата за надворешни работи, а единствено овој меѓународен договор се разгледуваше во Комисијата за Европски прашања. Николовски направи компарација и со законот за двојазичност на кој исто така беше ставено европско знаменце иако тоа не е матичната комисија за ваквиот закон, на што реагираа и официјални лица од Европската Унија истакна тој