Македонија 06. февруари 2020. / 10:13

Николоски и Милошоски на средба со директорот на ИРИ

Николоски и Милошоски на средба со директорот на ИРИ

Подготовки на предизборната програма за претстојните избори, актуелната политичка ситуација во земјава. Ова беа дел од  темите на кои разговараа потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и пратениот Антонио Милошоски на средбата со Пол Мекарти, директорот на ИРИ во фондацијата во Вашингтон.

Николоски и Милошоски се заблагодарија на поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од локалната канцеларија на ИРИ во Скопје, а потоа го запознаа директорот Мекарти со подготовките на предизборната програма за претстојните избори закажани за 12-ти aприл, во чија изработка учествуваат македонски и меѓународни експерти.

Николоски и Милошоски го запознаа соговорникот и со последните обиди на бившиот премиер Заев да најде разни изговори за одложување на изборите, што би можело да создаде политичка криза, како и штетно да влијае на и онака заслабнатото стопанство во Македонија. Од страна на ИРИ беше нагласено дека фондацијата со задоволство ќе ја продолжи заедничката соработка со ВМРО-ДПМНЕ и пред изборите, како и после изборите, особено во делот на обука на идните пратеници.

Во рамките на својата посета на Вашингтон, Николоски и Милошоски остварија средба и со Обединетата Македонска Дијаспора претставувана од Мето Колоски, како и со претставници на македонската заедница и дијаспора во Вашингтон. На средбата се изрази загриженост дека во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне, како и тоа дека Заев ги распродава македонските национални интереси.