Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски е гостин во емисијата Клик Плус. Николоски објасни како Македонија се најде во група со Албанија.
Огромна грешка на македонската дипломатија во одредени делови и договор, а тоа е Македонија да влезе во иста група со Албанија. Претпоставувам дека знаат гледачите дека со исклучок на Хрватска немало прием во ЕУ, а да не е во група. Хрватска влезе сама, затоа што Хрватска требаше да е во група со Македонија, така беше и поканата за НАТО. Но заради ветото од Грција, практично таа група се растури. После се створи група Србија и Црна Гора и беше логично после решавањето на спорот со Грција, Македонија да стане дел од таа група. Но се случи обратното Македонија стана дел од група со Албанија. И тоа е огромен дипломатски успех за Албанија и тоа е огромен дипломатски несупех за Македонија. Затоа што Македонија под сите стандарди е далеку пред Албанија. А Албанија беше во иста група со Косово и БиХ, рече Николоски.
Николоски додаде дека предупредил дека има договор меѓу Бујар Османи и Бушати од Албанија, Македонија да успори со реформите, за да не се забележи толку многу големото нереализирање на реформите во Албанија, и двете држави да влезат во иста група.