Жестока дебата се водеше вечерва на ТВ Телма помеѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во текот на дебатата на која требаше да се разговара за промената на името, министерот постојано го избегнуваше договорот и точките во него. Во исто време, по којзнае кој пат, претставникот на власта не откри што ќе пишува во уставните амандмани кои се предвидени со договорот. Додека Димитров сакаше да говори за Аминта, Александар, Миленко и Пердика, Николоски член по член го демаскираше договорот пред македонската јавност.
Во дебатата, работите зовреа кога потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваше министерот што говорел во минатото, кога беше преговарач на името назначен од екс премиерот Никола Груевски, минато од кое Димитров се дистанцира до ниво да запраша „Што правевте вие 11 години“.
Николоски ги спомна и мемоарите на Киро Глигоров, каде се понудени пари за промена на името, а воедно го потсети и околу Кочо Анѓушев кој ја продаде својата фирма на грчкото електростопанство,
– Во мемоарите на Глигоров пишува дека Фрчковски му понудил 1 милион долари, амфора и златен ролекс за промена на името. Понатака оваа година видовме кога Кочо Анѓушев кога излезе дека Северна Македонија е решение, си ја продаде фирмата за 4,5 милиони евра на грчко банротирано електростопанство кој што нема никакви активности овдека. Се поставува легитимно прашање дали овој договор има некоја цена и која е таа цена, рече Николовски.
Граѓаните и новинарите на социјалните мрежи интензивно ја следеа дебатата. Преовладуваа коментарите дека Димитров бега да разговара за договорот и дека изгубил на Телма, на домашен терен.
Николоски го растури на Димитров!
ГО РАС-ТУ-РИ!!
Димитров се нервира не знае кај тера хаха
Јас не знам што толку бараа дебати…— Константин (@T_m___n) September 26, 2018
Каков дуел ќе биде ова! Николоски, распукај со вистината и фактите!!!!!
— Жена со муда (@Otidenata) September 26, 2018
Порталот Експрес.мк, кој го води Горан Момировски, коментира дека шефот на дипломатијата Димитров видно нервозен од аргументите на Николовски, невообичаено за него во неколку наврати реагираше нервозно во недостаток на сопствени аргументи. Главно ги користеше оштите флоскули што ги користи СДСМ во кампањата и потсетуваше на старата влада на ВМРО -ДПМНЕ што на моменти укажуваше дека не може да се фокусира и да одговори успешно на нападите од Николоски.
„Спорот за името постои од создавањето на грчката држава и од првите никулци за создавање на македонската држва, поради грчката „Мегали идеја, односно поради нејзините територијални претензии. И ако некој мисли дека таков спор, кој трае толку време, може да го реши за три или шест месеци, тогаш може да го добие само овој капитулантски договор“, изјави Николовски кој го нападна Димитров дека бил висок функционер во време на ВМРО-ДПМНЕ и дека преговарал за името во време на ВМРО-ДПМНЕ, а сега го обвинува и навредува истото тоа ВМРО-ДПМНЕ.
Според Николовски моралната димензија на Димитров е спорна, како што е спорно што преговорите за името и капитулантскиот договор ги направил човек со сомнителен морал.
Димитров на овој напад одговори со тезата дека не може човек кој бил поддржувач на Груевски злосторникот да зборува за морал и дека Николовски најпрвин треба да се извини за 27 април.
Момировски додава дека Димитров како минуваше емисијата стануваше се понервозен и постојано реагираше кај водителката да го прекине Николовски или тврдеше дека Николовски го напаѓа ад хоминем. Објективниот гледач можеше да забележи дека во текот на емисијата и покрај напорот да биде објективна водителката Сања Васиќ влечеше накај Димитров поради што Николовски се жалеше дека цело време го прекинува, му ја попречува мислата и не го остава да се доискаже.
Димитров тврдеше дека не бил политичар туку дипломат во текот на целата кариера, а дека дури сега станал политичар поради желбата да помогне за Македонија да тргне напред.
Според Николовски владата се обидува да го извалка ВМРО-ДПМНЕ обидувајќи се да го натера да гласаат за Договорот во Собранието. Николовски беше прецизен дека партијата нема намера да влезе во сојуз со ликови како Бранко Црвенковски, Заев, Шекеринска, Димитров. Тој тврдеше дека нема да пројде референдумот во никој случај.
Димитров смета дека расположението кај народот е „многу големо за“ а успешен референдум ќе било ако има огромна поддршка од кампот За!