Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на Фејсбук го коментира извештајот на Транпаренси интернешнл во врска со индексот за перцепција за корумпираност на државата.
Пред две години во колумната „Менуваат име за да крадат – потврдено“ го коментирав тогашниот извештај на Транспаренси каде што Македонија беше на 93-то место. Две години подоцна Македонија уште повеќе е потоната во корупција и оваа година според Транспаренси интернешнл државата е на срамното 111 место. Две години потоа со Зоран Заев Македонија уште повеќе е загушена во криминал и корупција“, пишува Николоски.
Тој вели дека во овие две години се случија огромни корупциски скандали, а според него, работите одат само на полошо.
„Откако коалицијата на лагата СДСМ – ДУИ е на власт државата бележи само неуспеси, криминалот и корупцијата царуваат, нема никаков напредок на ниту едно поле, граѓаните се разочарани и немаат доверба во институциите. Срамниот извештај на најреномираната светска институција за мерење на перцепцијата на корупција го потврдува тоа што пред две години го напишав во колумната“, посочува Николоски.
Пред две години во колумната „Менуваат име за да крадат – потврдено“ го коментирав тогашниот извештај на Транспаренси…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Friday, January 29, 2021