Македонија 19. февруари 2020. / 12:47

Николоски: Два дена молчат Вице и Зоран Заев и не објаснуваат што збореле на средбите со Кичеец и Јанева

Николоски: Два дена молчат Вице и Зоран Заев и не објаснуваат што збореле на средбите со Кичеец и Јанева

Имаме два дена молк од Вице Заев и Зоран Заев и  не објаснуваат што зборел Заев на срeдбата со Катица Јаневна во август, изјави на денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Што правел во месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Заев прв го пријавил случајот Рекет како тогаш тој и неговиот брат се гледале со главните осомничени за случајот што тој прв го пријавил. Два дена има молк и креирање на лажни вести, проѕирни спинови, само да се одбегне прашањето ,,што барал Заев на средба со Катица Јанева”, и ,,што барал Зоран Милески Кичеец на средба со Вице Заев”. Имаме јасна потврда од МВР дека осмоничените лица од случајот Рекет биле под целосен надзор тоа видео, фото и аудио. Па јасно се поставува прашањето зошт во судот не се презентираат тонските записи, праша Николоски.