Владата да поднесе оставка оти оваа влада нема капацитет да се справи со здраствената иекономска криза, нема капацитет да се спротивстави на Бугарија , оваа влада не може да продолжи. Или ќе имаат доблест да поднесат оставка и да се формира влада за национален спас или таа влада да ја рушиме во рамки на Собранието, изјави Николоски во емисијата „Само вистина на Канал 5.
Сакам да го прашам Зоран Заев како претседател на Владата, дали знае дека неговиот потпретретседател оди наоколу низ државаа и брифира одредени новинари и креатори на јавно мислење дека токму тој, односно Никола Димитров е причината поради која Зоран Заев не потпишал договор со Бугарија, односно дека Зоран Заев бил спремен да потпише договор со Бугарија , но Никола Димитров го спречил , претставувајќи се себеси како бранител на македонските национални интереси и тоа успеал да го направи преку т. н скопско крило на СДСМ. Дали за ова знае Зоран Заев ? Да одговорат двајцата . Како си работат позади грб. Како може да биде во иста влада со човек кој го озборува позади грб, праша Николоски.
Дали е вистина дека Зоран Заев е незадоволен од работата на Комисијата, и дали истата ќе ја комромитира и ќе се бира нова Комисија, праша Николоски .