Македонија 07. април 2020. / 23:05

Николоски: Да не го местеа тендерот за биохемсики лаборатории ќе имаше масовно тестирање

Николоски: Да не го местеа тендерот за биохемсики лаборатории ќе имаше масовно тестирање

Основниот проблем сега со корона вирусот е што Македонија не тестира доволно, а тоа е препораката на Светската здравствена организација која вели „Тестирај, тестирај, тестирај“. Ние го кажувавме тоа уште на почетокот, почетокот, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Николоски наведува неколу причини зошто нема масовно тестирање.

Прво, нема доволно персонал. За жал во Македонија нема доволно вакви лица зошто не се инвестирало во такви луѓе. Второ, нема доволно реагенси. Трето, и да има и персонал и реагнеси нема машини доволно. Во моментов такви машини има само во Институтот за јавно здравје. Зошто не набавило министерството, затоа што го местеа тендерот за биохемиски лаборатории да го дадат на фирма која имаше 27 годишен сопственик. Да поминеше тендерот како што требаше, а не да се одеше со централизација во оваа област, во Македонија ќе имаше барем на 20 места машини – истакна Николоски.

Како што потенцира Николоски, поради тоа луѓето чекаат седум до 10 дена за да ги добијат резултатите.

Тоа е тажната вистина, а имам информација дека преку 800 луѓе чекаат резултат – посочи Николоски.