Македонија 23. октомври 2018. / 00:23

Николоски: Честито коалиција Мијалков, Заев и Вице Заев

Николоски: Честито коалиција Мијалков, Заев и Вице Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на прес-конференција по завршувањето на Централниот комитет потврди дека од партиските функции се разрешени Митко Јанчев од потпретседател на партијата и Константин Богданов од член на извршен а на општинските комитети им препорача да отворат дисциплински постапки против Сашо Мијалков и Никола Тодоров и истите да ги исклучи од партија.

Тој напомена дека се одлучиле на ваков чекор поради притисоци и закани кон пратениците да гласаат за промена на Уставот со цел промена на името.

Тој воедно ја честиташе и новата како што кажа криминална коалиција помеѓу Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.