Алeксандар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е гостин во емисијата Топ Тема на Телма. Уште од старт вие против дека Македонија не смееше да биде ставена во ист пакет со Албанија и дека тоа ни е отежнува целата состојба? Го праша Николоски новинарката Снежана Лупевска.
Јас нас почеток на април 2018 дискутрав за оваа работа, кога се куваше оваа работа. Бев информиран за средба од неформален карактер меѓу тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати и актуелниот вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, на која што беше договорено да се направи се Македонија и Албанија да влезат во иста група, за мене тоа беше најголемото промашување сега ќе објаснам зошто. Постоеја две групи во западен Балкан тоа е групата Србија и Црна Гора и Албанија, Косово и БиХ. Македонија секогаш беше тргана настраан заради проблемот со името, логично беше кога ќе се реши проблемот со името Македонија да оди во група со Србија и Црна Гора. За Албанија тоа беше проблематично зошто Косово и БиХ се сеуште недифинирани држави. Косово не е ни формално правно членка на ОН. Тука на албанската дипломатија треба да и се честита, а македонската дипломатија ја направило најголемата стратешка грешка, затоа што очиглено било дека Албанија не може да ги реазлиира реформите, за да ја забави Македонија Бујар Османи направи план 3-6-9 и реалзираа 41% од планот кој сами го направија, одговори Николоски.