Македонија 25. декември 2020. / 11:44

Никола Тодоров и Даниела Рангелова не се појавија на судењето за 27 април

Никола Тодоров и Даниела Рангелова не се појавија на судењето за 27 април

Никола Тодоров, поранешниот министер за образование и здравство и Даниела Рангелова не се појави на денешното судење за настаните на 27 април.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веќе пристигна во судот.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.