Македонија 09. октомври 2020. / 21:17

Никола Попоски: Не ги поддржувам протестите на ВМРО-ДПМНЕ против Зоран Заев

Никола Попоски: Не ги поддржувам протестите на ВМРО-ДПМНЕ против Зоран Заев

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски, вечерва на Канал 5 телевизија истакна дека не ги подржува протестите на ВМРО-ДПМНЕ против власта.

На прашањето дали тој оди на протестите против власта кои се организирани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ чиј што член е, Никола Попоски истакна дека на истите не оди и не ги подржува.

Не, мислам дека недостасува концепт, мислам дека е одлепена од реалноста која ја гледаме во собранието каде се туркаат многу закони. Ние само ја трошиме енергијата на нашите подржувачи, се прават протести без цел, вели Поповки.