Во присуство на менторот Проф. Др. Михаил Петковски, и 4 члена комисија, екс-премиерот Никла Груевски успешо го одбрани својот докторат на Економскиот Факултет во Скопје. Факултетот не им дозволи на медиумите да го снимаат бранењето на докторатот.
„Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање“, рече Груевски во презентирањето на докторатот. Од комисијата добил половина час, но Груевски својот труд го презентирал цел еден час. Иако присутни, на медиумите не им беше дозволено да фотографираат, ниту да снимаат инсерти од презентацијата.
Освен присутни членови од неговото потесно семејство, меѓу кои и неговата мајка Нада, присутни беа новинари, професори од комисијата.