Непотизмот продолжува да царува во државните институции, како на централно, така и на локално ниво.
Овој пат главен работодавец е градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, кој дест членови од блиската фамилија си ги вработи во државно – дознава Лидер.
Листата до која дојде Лидер е долга и ги вклучува неговите братучеди, чичковци, како и невенчаната сопруга.
Фата Османовска, невенчана сопруга на Курто е претседавач на советот во општината каде е тој градоначалник.
Дудуш си го вработил неговиот чичко во секторот за урбанизам, токму во Општина Шуто Оризари. Во таа локална институција место се најде и за неговиот тетин Демир Јашар. Курто не го заборави ни својот вујко Сејнур Мемед, кој го вработи во Геронтологија како возач на директорката Салија Љатиф.
За скандалот да биде поголем, Вулнет Демир, тетин на градоначалникот стана шофер во истата Општина. Неговата сопруга пак, Софија Демир, тетка на Куртош, стана шефица на техничкиот персонал во основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“.
Градоначалникот сепак не ги заборавил ниту братучедите. Неговиот прв братучед Алмир Дудуш го ставил одговорен за спорт и спортски активности во Општината, а братучетката Тени Узеир си ја вработил исто така во Општината Шуто Оризари. Братучедот на Курто, Ибраим Ибче Сакип удобно се сместил во јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Сопругата на неговиот прв братучед Енис Сакип и братучетка на Фата Османовска, Лалифа Демир, стана советничка во Општината Шуто Оризари.
Ова е само дел од вработувањата на блиски роднини на функционери од власта, а се очекува Антикорупциска комисија да покрене постапка.
Фата Османовска |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
Претседавач на совет |
невенчана сопруга на Курто Дудуш (Градоначалник) |
Исамедин Дудуш |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
сектор Урбанизам |
чичко на градоналникот на Шуто Оризари Курто Дудуш |
Демир Јашар |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
|
тетин на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш |
Вулнет Демир |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
шофер |
тетин на градоначалникот на општина Шуто Оризари |
Сафија Демир |
Шуто Оризари |
О.У. Браќа Рамиз-Хамид |
шеф на технички персонал |
тетка на градоналникот (сопруга на Вулнет Демир) на општина Шуто Оризари |
Алмир Дудуш |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
одговорен за спорт и спортски активности. |
прв братучед на градоначалниникот на општина Шуто Оризари |
Тени Узеир |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
|
прва братучетка на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш |
Ибраим Ибче Сакип |
Шуто Оризари |
Водовод и канализација. |
|
братучед на градоначалникот на општина Шуто Оризари |
Лалифа Демир |
Шуто Оризари |
Општина Шуто Оризари |
советничка |
сопруга на негов прв братучед Енис Сакип на градоналникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш и братучетка на Фата Османовска сопруга на Курто Дудуш |
Сејнур Мемед |
Шуто Оризари |
Геронтологија |
возач на Салија Љатиф директорка |
вујко на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш |